Интересни факти за Филипините (Прв дел)

од Vladimir Zorba
652 прегледи

На илјадници милји од Македонија – дури во југоисточна Азија се наоѓаат Филипините .Самата држава пак е оддалечена на повеќе од 1200 километри од копното на Азија.996184afacb7511dea7222da0f416835

Филипините се состојат од вкупно 7107 острови, а едвај 700 од нив се населени. Најголемите се: Лузон, Минданао, Палаван и Миндоро .

Што друго не знаете за Филипините, ќе дознаете ако ги прочитате следните редови:

1. Земјата е рангирана на број 12 меѓу густо населените држави во светот .Населението на Филипините изнесува околу 90 милиони луѓе .

2. На територијата на земјата има над 200 вулкана, иако само некои од нив се активни.

3. Знамето на Филипините е единственото во светот, чии бои можат да бидат свртени.За време на војна горната боја е црвената, а под него е сината. Во мирно време е спротивното.

4. Во филипинскиот спелеолошки комплекс Табо се пронајдени остатоци на хомо сапиенс.

5. Некои од оризовите тераси во Филипини се заштитени од УНЕСКО.

6. Првиот Европеец кој ја посетил земјата е португалскиот истражувач Фернандо Магелан .

7. Највисоката точка на Филипините еврвот Апо , лоциран на островот Минданао.Висината достигнува 2954 метри.

8. Околу 80% од вкупниот број на населението на земјата се католици .

9. Филипинците имаат различно етничко потекло : малајско, кинеско, шпанско, американско и друго.

10. Државата го добива своето име во чест на шпанскиот крал Филип II .

11. Главниот град на Филипините – Манила , пак е именуван во чест на мангровото дрво со бели цвеќиња (nilad).

12. Во периодот меѓу 1521 и 1898 година земјата била шпанска колонија . Потоа Архипелагот станува сопственост на САД.

13. Филипините се првата држава во југоисточна Азија, која добива независност по крајот на Втората светска војна во 1946 година.

14. Областа на земјата е приближно еднаква на онаа на Италија.

Во нашата галерија може да најдете аматерски фотографии од Филипините.

932c3d00a77f9c8eac03333e1ae18ae1 26dc57f32e40a5e7af88435f4720c4a4 004d8b75aec6535b090d3268a541dd92 8952bc82652ca7296284a44b37e79983 185f85450a7f4792105dfb811c58a725 1ad2acc0a449ef245dc91d531afc1c3f 98b0a59f6c0f40cb3d4e9cb329beb25f cb066182c6e293c241e13fc44b73581a