Интересни факти за Јемен

од Vladimir Zorba
445 прегледи

Ако мисловно се пренесеме кон арапскиот дел на Азија , таму ќе го најдеме Јемен. Земјата се наоѓа во југозападниот дел на Арапскиот Полуостров, а главниот град се нарекува Сана .1afa7cdaf14e694cebee09e848b9db40

Јемен граничи со Саудиска Арабија и Оман по копно, како и со Црвеното Море, Аденскиот Залив и Арапското Море .

Најпоетски кажано, Јемен е земја од старите арапски бајки. Земја на древни храмови, палати, зачини и неверојатно кафе. Што не знаете за земјата? Проверете како ќе ги прочитате следните редови:

1. Јемен е татковина на кафето Мока .Името “Mocha” доаѓа од јеменското пристаниште на Црвеното Море – El Moho.Речиси до крајот на 18 век арапското кафе се извезува само од Јемен, а најпознатото е Мока. Всушност Мока е една од сортите на кафе Арабика.

2. Јемен е е ДНА од најстарите земји во целиот свет . Главниот град  Сана, пак, е еден од најстарите градови на нашата планета (4000-5000 години).

3. Населението на Јемен е малку над 24 милиони луѓе и е најмладата во светот. 52% од сите граѓани се на возраст под 15 години.

4. Националната валута на Јемен е Јеменски риал (1 долар е околу 225 Јеменски риал).

5. Една од главните туристички атракции во земјата е градот Шибам . Тој се наоѓа во областа Хадрамаут и неколку пати бил престолнина на царството Хадрамаут. Шибам е древен град во пустината, познат по својата архитектура . Градот е изграден од песок и е заштитен од УНЕСКО , поради своето единствено историско и архитектонско наследство. Во Шибам живеат околу 7.000 луѓе во 429 згради. Сите згради имаат по околу 8-10 ката. Многу луѓе го нарекуваат Шибам “Менхетен во пустината”.

6. Архипелагот Сокотра припаѓа на Јемен. Тој се состои од четири острови , најголемиот од кои исто така се нарекува Сокотра (заштитен од УНЕСКО). Сокотра не личи на другите острови и може да се каже дека е уникатеен поради својата посебна флора и фауна . Таму се среќава крвавото змијско дрво , чија смола има лековити својства. Луѓето ја користат смолата за дезинфекција и побрзо заздравување на рани.

7. Народната кујна на Јемен е вкусна и разновидна. Во основата се јагнешкото месо, оризот, супи (вклучувајќи леќа), различен зеленчук, торти и се разбира – рибата.Јадењата, богати со зачини, се служат со вкусен локален леб.

8. Во централниот дел на западниот брег на Јемен се наоѓа остров Камаран. Тој е сметан за еден од најпознатите мирни и сценски места во целата земја. Во близина на него има широк систем од корални гребени , која е многу популарна меѓу нуркачите. Островот се пофали и со огромна разновидност на диви животни, повеќе од 140 видови цветни тропски риби, десетина вида корали и богати области на мангрови, населени од речиси 100 видови птици.

9. Аден е втор по големина и население град во Јемен. Тој е лоциран на брегот на Арапското Море и на неговата територија се наоѓа најголемото пристаниште во земјата.Аден исто има богата историја – за него се знае уште од времето на античка Грција. Во средниот век Аден бил главна транзитна точка меѓу морските патишта кон Индија.

10. Ако имате израелски печат во пасош – не може да г посетите Јемен.

За жал, како и во многу други делови на светот, во Јемен, исто така има војна. Затоа не е особено погодно место за посета. Од таа причина ви нудиме да ја разгледате земјата само виртуелно – преку нашата галерија. 692816fb9ae58576ca9fbd84456ce73d 7d0f23eefdfe85de86b19147d210a8a4 38db39fb976267419849dd543b8a8ae1 70606efb62f860ba0b0ee18876b19313 e696f4b33582910eb416ff277a436fcd 23b1c9f40061c8f6dfda65fb8eb7494b a6e8e76edfc7ffbd0dfb43e930073748 15646aa8d30a1badcd24df987f03fe09 3fc5557686c6f9fbda10470dfa260e53 f817b9b1b929d5edfaf5cde0329eb53d