Интересни факти за Мексико (Прв дел)

од Vladimir Zorba
728 прегледи

Мексико е трета по големина држава во Латинска Америка, што укажува дека земјата дефинитивно има со што да ги фасцинира своите посетители. Мексиканските летувалишта се едни од најпознатите места за одмор, вклучувајќи и од многу Американци и познати личности.2cdff68059cd2f65971bce98e57057ab

Ова, се разбира,  не е сосема случајно. Мексико има своја магија. Прочитајте некои интересни факти за земјата и сигурно ќе почувствувате барем мал дел од неа:

Храна:

1. Буритата и тако-ата се меѓу најпопуларните јадења во Мексико. Тие можат да бидат направени од пченка, брашно и дури и кактус. Месото и зеленчукот пак се со многу зачинет сос.541af7de8e6ad0ece33d76f9611bfb7d

2. Туристите се соочуваат со голема разновидност на свежо исцедени сокови на секој агол, но треба да внимаваат, бидејќи трговците може да стават во соковите мраз со непознато и потенцијално опасно за здравјето потекло.

3. По улиците дури и се продава овошје, кои ќе го посипете со шеќер и чили во прав .

4. Вкусен домашен сладолед исто така може да биде пронајден на улица. Ако сепак одлучите да купите таков, задолжително треба да одредите дека не сакате “зачини” во него.

5. Во градот Текила (скратен од Сантијаго де Текила) се произведува поголемо количество од истоимениот пијалок.

6. Синото Агаве е растението кое се користи за правење на текила – спротивно на популарното верување дека алкохолни пијалоци се прават од кактус. Синото Агаве припаѓа на семејството на аспарагус.

7. “Tekilero” – така се нарекува експертот за текила .

8. Пченка е универзален производ, кога станува збор за мексиканската кујна. Таа може да се консумира варена, печена и во секакви јадења.

9. Месото во селата често се продава неоладено. И покрај жегата тоа виси на кука.7836d16bf74ee507e003329df9d82bb7

Карипското Море и мексиканските плажи:

10. Песокот на Карипскиот брег има корално потекло. Тој е многу фин, бел и речиси не се вжештува . Дури при 40 степени температура може да одиме по него.

11. Водата на Карибите е многу топла – околу 25-28 степени во текот на целата година.

12. Во близина на Канкун е лоциран Подводен музеј со 400 скулптури , кои се позиционирани на длабочина меѓу 2 и 10 метри. Веројатно тој ќе им се допадне на луѓето кои се уморни од нуркањето и разгледувањето на тропски риби и корални гребени.

13. Плажите на Канкун и Тулум се рангираат меѓу десетте најдобри плажи во светот, според оценката на TripAdvisor.

14. Сеноте е природен бунар или мало езеро. Предметните природни бунари биле користени од Маите како извори на вода и места за жртви. Сеноте е соодветно и за љубителите на нуркањето. Повеќето природни бунари се наоѓаат во пештери, а водата им е кристално чиста и мирна .

15. Мексико е родното место на многу скапоцени камења , како на пример: опал, аметист, тиркиз и други.

А сега погледнете ја галеријата и проверете го Мексико низ очите на туристите.d1ac46fd5e9657e68b40c79f2e23a559 529d5ef547f35054000d6f6bdebdb684 d1993d433b9bf144931df98312124951 3613ec1f4d6aab1a2e11744800c94a42 8669a07ee8b2afddee20d7e5a7481da6 bdb86260f5a9430a8a3b54a46c775936 6b7962658a946e66ac8af42b61aaab0e 62bb8f7e72b923d121aab05388159feb 8674e30f357d5f0f5f9bd3df126c5acd 488229b5d0bbe0ed5c4df3b7edc4bfc9