Интересни факти за Мексико (Трет дел)

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Мексико е далечна и егзотична дестинација, која дефинитивно може да ја разбуди желбата да поминeтe илјадници километри за да видите еден нов свет. Во првиот и вториот дел со интересни факти за Мексико веќе дознавте некои детали за мексиканската храна, плажи, транспорт, време, традиции, медицинска грижа и едукација. Следува последниот трет дел, во кој ќе научите уште интересни факти. Еве и кои се тие:6b90380b05a25c95cf385552f1dd5e65

Градови и села:

28. Еднонасочното движење е често во Мексико, бидејќи повеќето улици се тесни. Двонасочно движење се врши само по широки улици, кои обично се нарекуваат “Avenida”.

29. Распределбата на централниот дел на повеќето мали градови и села е следна: има катедрала, зграда на полицијата и во средината парк .e5ec04ba3ed8f5eba4ce8c4cdd6de661

30. Многу сиромашни Мексиканци живеат во “куќи” од трска . Често во овие домови единствениот мебел е хамак.

Рент а кар и осигурување:

31. Повеќето фирми кои се занимаваат со изнајмување на автомобили , не нудат осигурување со целосна покриеност. За да најдете таква фирма, треба доста да се потрудите.a51c4ca488d74ab3894df67381949bcd

32. Разликата во цената меѓу автомобил за изнајмување со автоматски менувач и таква со рачен менувач не е голема – околу 20 долари неделно.

33. Многу од автомобилите се без регистарски таблички , но “техничкиот пасош” виси на задниот прозорец.

34. Корупцијата е широко распространета меѓу полицијата во Мексико. Секое забележано прекршување на патот започнува со предлог “проблемот да се реши на место”.b2d398900f7fd422cb0e8801b2de8215

35. Не е исклучено да се види мексиканските жени да носат тешки работи на главите , како  саксии.

36. Градот на Маите Чичен Ица , вклучен во листата со новите светски чуда, е лоциран на полуостровот Јукатан . Мексико е родното место и на древната цивилизација на Ацтеките.00edb52644a68e6ce1df3cb7ebc87bd3

Национални особености:

37. Ако сте љубители на чипс, бисквити и кока-кола, значи имате среќа, бидејќи овие производи можат да се најдат во секоја продавница, дури и во најоддалеченото село.

38. Друго што може да се најде во селата и малите градови, се игуани . Може да се судрите со претставници на овој вид гуштери во различни бои и големини.14b626c151d0d7e26a0fbcdeb7ec1a45