Носталгијата за ерата на Советскиот Сојуз е многу поочигледна во одредени земји, отколку во други, пишува “Форбс”, повикувајќи се на новото истражување на центарот Pew Research.
Очекувано или не, балтичките земји, некогаш дел од СССР, одамна заборавија на топлите чувства кон некогашниот лидер Јосиф Сталин. Русија, од своја страна, продолжува да се сеќава со милост за советскиот лидер. Излегува дека Сталин е многу попопуларен од Михаил Горбачов.
58% од анкетираните Руси сметаат дека Сталин одиграл повеќе позитивна улога во историјата од Горбачов. Процентите се слични и во Грузија.
Истражување е направено и во Бугарија. 33% од испитаниците го претпочитаат Сталин, а 32% – Горбачов.
На другата страна се процентите во земји како Унгарија, Литванија и Полска. Само 6% од Полјаците го дале својот глас за Сталин, додека 51% – за Горбачов. А
вторите на истражувањето велат дека поголемиот дел од Русите жалат за распадот на Сојузот на Советските Социјалистички Републики. Само 17% од нив не тагувам за СССР.