Интересот на Манчестер Јунајтед за Мората е сериозен

од Vladimir Zorba

Манчестер Јунајтед размислува за понуда за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората, тврди италијанскиот новинар Николо Шира. Откако стана јасно дека Марко Арнаутовиќ нема да се пресели на „Олд Трафорд“, раководството на „црвените ѓаволи“ стапи во контакт со агентот на Мората, Хуан Лопез. Сепак, Атлетико нема да се раздели со шпанскиот репрезентативец доколку прво не обезбеди негова замена.

Изминатите две сезони Мората играше како позајмен во Јувентус, но „бјанконерите“ не ја активираа опцијата за откуп во неговиот договор. Италијанските гиганти се надеваа дека ќе го задржат Мората, но за помала сума.

Тоа се промени во последните недели, најмногу поради силните перформанси на напаѓачот во контролните на Атлетико. Тој не им прости на своите поранешни соиграчи и постигна „хет-трик“ во победата над Јуве од 4:0, а Диего Симеоне веќе бара да се потпре на него оваа сезона и дури реши да го започне натпреварот против Хетафе во првото коло на Ла Лига.

Слични содржини