Интернационалната стопанска комора од Холандија му додели Награда за интегритет на Николовски

од Vladimir Zorba
338 прегледи

Интернационалната стопанска комора од Холандија му додели Награда за интегритет за 2020 година на вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски

„Ми претставува огромна чест и најмногу од сè, мотивација што сум одбран од Интернационалната стопанска комора од Холандија за добитник на наградата за интегритет за 2020 година.

Признанието го посветувам на сите Вас кои ми помагате во сиот овој период во кој почнуваме една многу чесна, храбра и патриотска битка за поставување нови стандарди, воведување нови мерки и практики во борбата против корупцијата, појава која не влече надоле со децении.

Битката е заедничка, приклучете се, помогнете, од секој еден човек зависи кој ќе излезе како победник. Да бидеме тоа ние. Да ја победиме корупцијата заедно“, сподели тој на својот Фејсбук профил.

Слични содржини