Првиот сајт во историјата станал јавен на 6 август 1991 година, но точниот датум на создавање е 20 декември 1990 година.

Тој е наречен Светската мрежа (World Wide Web) на Тим Бернерс-Ли и се појавува онлајн во ЦЕРН.
Верзијата на страницата од 1992 година сеуште е активна и можете да ја видите на адресата Info.CERN.ch/HyperText/WWW/TheProject.html.
Не изгледа којзнае како, но тогаш тоа било револуционерно дело. Сајтот всушност ги објаснува главните карактеристики на мрежата, како да отворите документи на други луѓе и како да си направите свој сервер.

Мрежата (World Wide Web, www) постои од 1989 година и за нејзин пронаоѓач се смета Бернерс-Ли.Како што објаснува ББС, интернет е огромна мрежа од компјутери поврзани едни со други. WWW е збирот на интернет страни во оваа мрежа од компјутери.