На продолжението на 30. седница на Собранието, денес точка на дневен ред меѓу останатото е и интерпелацијата на вицепремиерот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров.
Како што е познато, интерпелацијата ја поднесе пратеничката група на опозицијата.
На продолжението на предвидената 30. седница, покрај интерпелацијата ќе се расправа и за Предлог измените на Законот за еднакви можности на жените и мажите, Предлог-измените на Законот за употреба на знаковниот јазик, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита од вознемирување на работно место, како и Предлог на закон за изменување на Законот за практиканство, сите по скратена постапка.
Исто така, уште неколку законски измени меѓу кои и Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци, се наоѓаат по скатена постапка. На оваа седница, ќе бидат разгледани и законски решенија кои се во прво читање.