Интерпелацијата за Спасовски на дневен ред во Собранието

од Берта Китинска
327 прегледи

Денеска треба да се одржи продолжението на 39-тата седница на која се останати уште 24 точки на дневен ред меѓу кои како последна е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поднесена од пратениците од пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Интерпелацијата во Собранието е примена на 24 февруари годинава, а 12 пратеници на Коалицијата Алијанса за Албаниците и Алтернатива наведуваат дека „по бегство на Груевски и наводното бегство на Мијалков, бараат одговорност од Спасовски“. Пратениците од опозициските партии на Албанците посочуваат дека по ова Спасовски „повеќе не може или не треба да биде министер за внатрешни работи затоа што, оној што помага некому да стори кривично дело или кој го толерира, е одговорен исто колку и сторителот“.

Собранието во 2019 година не ја прифати интерпелацијата на Спасовски, тогаш поднесена од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“

Слични содржини