Интерпол предупредува за зголемена трговија со оружје по војната во Украина: „Го видовме тоа на Балканот“

од Stefanija Kuzmanovska
355 прегледи

Шефот на Интерпол, меѓународна организација која ја олеснува глобалната полициска соработка и контрола на криминалот, предупреди дека може да има огромен пораст на трговијата со оружје по завршувањето на војната во Украина.

Генералниот секретар на Интерпол, Јирген Сток рече дека „без сомнение“ илегалната трговија со оружје ќе се зголеми. „Го видовме тоа на Балканот. Видовме дека повторно се случува истата ситуација во Африка“, додаде тој.

„Мало оружје“ е главна тема на трговија со луѓе, според Интерпол.

Сток ги охрабри 195-те земји-членки на Интерпол „нашироко да ги користат достапните бази на податоци кои можат да помогнат во следењето на оружјето. „Ниту една земја во нашиот регион не може да го стори тоа сама бидејќи криминалците за кои зборувам дејствуваат ширум светот“, рече Сток.

Интерпол, со седиште во Лион, Франција, нема истражни овластувања, но обезбедува обука за полицајци и царински службеници.

Слични содржини