ИНТЕРВЈУ со Ангелов: Во Ирак се грижев за себе и лицата кои ги обезбедував, тука се грижам за сите македонски граѓани

од Vladimir Zorba
631 прегледи

Премиерот Заев ми се јави за да ја превземам оваа обврска. Бев изненаден и неподготвен, но со задоволство ја прифатив. Со оглед на кризната состојба, сметам дека можам да дадам придонес. Координацијата значи и команда, односно потреба од човек кој знае да пресече, вели во интервју за „Локално“ новиот в.д. директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Генерал Стојанче Ангелов.

За тоа каде има повеќе грижи – на новата позиција или кога беше ангажиран и во Ирак, во приватни компании за мобилно обезбедување на ВИП личности, вели дека таму се грижел за себе и лицата кои ги обезбедувал, а тука се грижи за сите македонски граѓани.

-Не се плашев додека работев во високоризичните области бидејќи знам како да се одбранам самиот себе си и како да ги заштитам лицата за чија безбедност се грижев. Но сега мојата одговорност е неспоредливо поголема бидејќи како што веќе кажав, овде чувствувам грижа за моето семејство, за сите македонски граѓани, за целатата државата, вели Ангелов.

Во однос на состојбата во ЦУК, тврди дека институцијата функционира, дека има недостатоци, но проблемите ги решава во движење.

-Она што прво го забележав кога дојдов е слабата кадровска екипираност и недостигот на луѓе. Се обидувам да направам пренасочување на внатрешните реурси. Имаме лица кои работат овде, а се со завршена воена академија, ги повикав и побарав помош од нив, надвор од нивните работни обврски дополнително да запнат и да помогнат на Главниот Штаб, истакна Ген.Ангелов.

Од синдикатот на Центарот за управување со кризи за „Локално“ изјавија дека со вашето поставување за в.д. директор на чело на оваа институција конечно доаѓа професионалец од Секорот одбрана, безбедност и кризен менаџмент. Забележуваат дека досега оваа институција била единствено полигон за обука на политичари за директори. Дали за вас ова претставува дополнителна одговорност?

-Мојата кариера во безбедносните служби започна уште во 1991 година. Тоа практично значи дека со одредени прекини, јас сум дел од безбедносниот систем на државата 29 години. Тоа не е факт за занемарување. Не ја барав фунцијата. Премиерот Заев ми се јави за да ја превземам оваа обврска. Бев изненаден и неподготвен, но со задоволство ја прифатив. Со оглед на кризната состојба, сметам дека можам да дадам придонес. Координацијата значи и команда, односно потреба од човек кој знае да пресече.

Синдикатот на ЦУК одамна бара исти права и бенифиции на вработените во оваа институција како оние што ги имаат вработените во Министерството за одбрана и во АРМ. Инсистираат и на крај на праксата на честите и своеволни прераспределби на професионалниот кадар од едно на друго место.

-Јас сум на оваа фунција само 11 дена и се уште ми е рано да зборувам за проблемите или слабостите на институцијата. Една од првите работи кои ги забележав е големиот број на тужби на вработените кон самата институција. Дел од вработените добивале овластување да извршуваат работни задачи кои се дефинирани за работни места на повисоки позиции, а добиваат плата за пониските позиции согласно нивното решение за работа. Некои од тужбите се и поради неисплатени прекувремени, ноќни или викенд работни часови. Веќе дадов насоки за наоѓање на решение за надминување на овој затекнат проблем, решение со кое вработените кои тужат ќе бидат задоволни а ЦУК ќе заштеди на судски и други трошоци. Мојот став е дека секој вработен треба да има решение и да биде биде платен во согласност со неговата работната позиција на која реално работи.

Вашата прва изјава откако ве именуваа за в.д директор на Центарот со управување со кризи предизвика различни реакции во јавноста. Ќе ве цитирам „Заврши времето кога безмалку безгрижно си кршев ќерамиди со глава’’. Што всушност сакавте на овој начин да и порачате на македонската јавност?

-Ова е моја лична стратегија во односот со граѓаните. Ако во јавноста излезев со обично ФБ или твитер известување за мојата нова функција ретко кој ќе посветеше внимание. Вака предизвикав бура и бев една од поинтересните вести тој ден но дури ниту јас не очекував дека ќе предизвикам толкав интерс бидејки најголемиот дел од порталите ја преноса веста. Дури и оние кои се исмејуваа, дури и оние кои ме критикуваа или навредуваа помогнаа информацијата да се рашири, но човек треба да има добар желудник, челични нерви и внатрешна смиреност за да ги издржи навредливите напади.

Понатаму со оваа стратегија го насочив нападот онаму каде што сакам јас, онаму каде што лесно можам да се бранам односно онаму каде што сум најсилен, а тоа е мојата глава.

Со пораката во која спомнувам кршење ќерамиди со глава имам и една друга скриена порака, порака со која ги охрабрувам телесните инвалиди да не се предаваат и да се борат бидејки човекот ако е доволно упорен можеби нема да го отсрани инвалидитетот но ќе се научи да живее со него и воедно ќе ги намали штетните последици кои произлегуваат од него. Верувам мнозинството граѓани знаат дека јас сум тежок воен инвалид.

Низ сите физички вежби кои што ги изведувам, меѓу кои и кршењето ќерамиди со раце или глава пренесувам порака на инвалидите дека не треба да се предаваме бидејки може да се научи да се живее и со инвалидитет.

Ако нештата се анализираат сериозно, повеќе од јасно е дека јас ни досега не без безгрижен вршејќи ја функцијата Национален координатор за воени и полициски ветерани како и помошник за безбедност на системи и уреди во М НАВ, каде имав исклучително сложени и различни одговорности.

Работевте антипиратска заштита на бродови во високоризичните области околу брегот на Сомалија и во Индискиот океан. Бевте ангажиран и во Ирак, во приватни компании за мобилно обезбедување на ВИП личности. Дали тогаш или сега имате повеќе грижи?

-Таму се грижев за себе и за лицата кои ги обезбедував, а тука се грижам за моето семејство, за сите македонски граѓани, за државата. Не се плашев додека работев во високоризичните области бидејќи знам како да се одбранам самиот себе си и како да ги заштитам лицата за чија безбедност се грижев. Но сега мојата одговорност е неспоредливо поголема бидејќи како што веќе кажав, овде чувствувам грижа за моето семејство, за сите македонски граѓани, за целатата државата. Вирусот може да нападне било кого, не избира. Ако порано беа претежно возрасни лица денес имаме и млади, жени и мажи, болни и здрави, секој може да се зарази и да заврши во болница. Затоа мора да бидеме подготвени, да делуваме координирано, да се бориме.

Каква е кадровската и техничката оспособеност на ЦУК? Колку реално институцијата има капацитет да се справи со предизвиците на вирисот COVID -19?

-Институцијата функционира, има недостатоци но ги решаваме во движење. Она што прво го забележав кога дојдов е слабата кадровска екипираност и недостигот на луѓе. Се обидувам да направам пренасочување на внатрешните реурси. Имаме лица кои работат овде, а се со завршена воена академија, ги повикав и побарав помош од нив, надвор од нивните работни обврски дополнително да запнат и да помогнат на Главниот Штаб. Во институцијата има одреден број на исклучително стручни лица некои од нив имаат и солидно армиско искуство како и искуство во кризни ситуации. На мое изненадување овде затекнав и неколку доктори на науки како и магистри од областа на Системот за управување со кризи. Во овој момент на нив се потпира целата институција, но секако дека на долг период нема да можат да го издржат зголемениот притисок поради прогласената кризна состојба на целата територија на државата и ќе им треба помош и замена. Второ, поднесов барање и за превземање соодветни кадри од неколку други институции. Третата опција е вработување минимален број нови кадри со завршено образование на Воената академија од областа на управување со кризи или друго соодветно образование во зависност од проблематиката која треба да ја работат во ЦУК.

До каде е процесот на усвојување на Акцискиот план?

-Акцискиот план во рамките на кој се утврдува ангажманот на Армијата за подршка на полицијата при обезбедувањето на здравствените објекти денес помина на Управувачки комитет и во секој момент терба да помине на Влада после што Одлуката на Влада ќе биде испратена до Врховниот командант на Армијата, претседателот Стево Пенндаровски кој треба да донесе Одлука за ангажман на Армијата во подршка на Полицијата за веднаш потоа припадниците на полицијата и армијата да можат да излезат на терен во согласност со потребите на Министерството за здравство.

К.В.С.

Слични содржини