Интервју со Рафајловски: Потребна е енергетска политика која ќе овозможи на долги патеки раст на приватните инвестиции во енергетскиот сектор

од Vladimir Zorba
939 прегледи

Универзитетскиот професор Горан Рафајловски нема дилема дека Владата успешно се справила со енергетската криза.

Сумирајќи го стореното во осумте месеци откако беше прогласена кризна состојба во енергетиката со цел да се обезбеди непречено снабдување со електрична и топлинска енергија, вели дека полека се решаваат проблемите во нашата како што ја нарекува, фрагилната економија и слабите енергетски капацитети.

Во однос на барањата на стопанствениците за обештетување затоа што биле оставени сами на себе во текот на кризата, Рафајловски се согласува дека Владата треба да ги процесуира нивните барања.

„Економијата е потребна на целокупното општество затоа што преку неа се обезбедува не само буџетскиот прилив туку и целиот економски раст. Така што, колку ќе помогнете и колку ќе обезбедите механизми и  правни рамки за динамичен развој на економијата, толку таа ќе возврати преку подобрување на стандардот на граѓаните“, објаснува тој во интервју за „Локално“.

Според Рафајловски компаниите кои со електрична енергија се снабдуваат на слободниот пазар, можат да добијат дополнителна помош од државата но само во услови на криза, но по нејзиното завршување, вели „НЕ“.

Енергетската иднина на земјата според него, треба да ја гледаме во делот на производство на енергија од ѓубре/отпад кое за жал, го имаме во огромни количини насекаде низ земјата.   

„Ако се создадат добри правни услови , ваквите инвестиции можат да направат бум во производство на енергија“, објаснува Рафајловски.

Владата се пофали дека успешно се справила со предизвиците што ги наметна енергетската криза иако се очекуваше колапс на системот, рестрикции, драстичен раст на цената на струјата. На кое мислење сте вие? Дали ефикасно се справивме со ризиците или со трансферите на пари од буџетот за ЕСМ, само гасневме спорадични огнови?

-Енергетската криза не беше од нас причинета, таа беше резулат на глобални енергeтски збиднувања. Кризата се рефлектираше во сите земји па државите со фрагилни економиии и послаби енергетски капацитети, имаа потреба од поголема поддршка од меѓународните фактори  или од приливи од буџетот во однос на земјите кои се постабилни во енергетска смисла. Тоа се случи со Македонија. Бидејќи енергетската ситуација кај нас е долго време кршлива и релативно нестабилна, ја одржуваме на стабилни нозе со интервентни акции што се разбира не е добро и долгорочно тоа така не може да оди. Причините се во фактот што се нема одржлива стратегија и и несериозно се работи на долгорочен план. Од друга страна политичарите во она што сакаат да го кажат за кризата секогаш позитивните аспекти ги припишуваат на себеси а негативните на некои глобални фактори. Македонија и понатаму има проблеми во енергетскиот  сектор. Тие полека се решаваат, што е добро во делот на приватните инвестиции во фотоволтаиците, изградба на нови ветерни полиња но и натаму имаме проблем со обезбедување на т.н базна енергија и цело време се вртиме во криг со РЕК Битола.

Стопанствениците изразија силно незадоволство од начинот на кој се управуваше енергетската криза. Рекоа дека биле оставени сами на себе, дека не добиле никаква помош од Владата и затоа најавија дека по судски пат ќе бараат надомест на штетите. Дали се согласувате дека имаше пропусти ?

-РКЕ донесе некои одлуки кои беа  компромис меѓу она што го бараа стопанственците и она што беа буџетските можности. Очигледно дека тој компромис не беше достаточно добар за стопанствениците и сега тие бараат дополнителни оштети и надоместоци но кој и во која мерка има право на тоа треба да се направи анализа. Сметам дека доколку тоа е ситуација во една сериозна држава, Владата треба ретроактивно да пристапи кон тоа и да вложи дополнителни административни ресурси за да се процесуираат таквите барања, поплаки, забелешки и на база на една одржлива и добро обмислена не само правна рамка туку и план да се изврши  дополнителна надокнада бидејќи економијата е потребна на целокупното општество затоа што преку неа се обезбедува не само буџетскиот прилив туку и целиот економски раст. Така што, колку ќе помогнете и колку ќе обезбедите механизми и  правни рамки за динамичен развој на економијата толку таа ќе возврати преку подобрување на стандардот на граѓаните.  Мислам дека Владата треба сериозно да размисли и да пристапи кон таквите барања.

Дали може и треба државата да ги поддржи и компаниите кои се на слободниот пазар на електрична енергија?

-До сега беше период на енергестка криза затоа треба да се разгледаат искуставата на поразвиените држави како Германија, Норвешка или Шведска, да се соберат искуствата кои можеби ќе ни помогнат во носење на таква дополнително компромисна одлука. Дали приватните компании на слободниот пазар на електрична енергија треба да се помогнат зависи во кој период и во кој обем. Во изминатиот период, слободниот пазар во енергетската криза делумно се наруши, имаше енормен пораст на цените па многу држави воведоа горно ниво на цената. Ако збориме за слободен пазар во тие временски рамки, одговорот е ДА, но ако збориме за поддршка по кризата, одговорот е НЕ.

Треба ли да сме задоволни од тоа дека немаше рестрикции наспроти увоз на скапа струја? Што научивме од кризата?

-Ние како граѓани поминавме релативно добро во смисла на скапата струкја. ЕВН имаше комрпомисна тарифа и тоа беше во прилог и на компаниите  и на чуствителните групи граѓани. Кога ќе се случи некаква криза идеални решенија нема.Според мене Владата добро реагираше и имаше серизона помош од ЕУ и соседните земји кои во неколку наврати не вклучуваа во нивните механизми на помош по однос на справување со енергетската криза.

Како да се подготвиме за следната сезона, кои се предизвиците  во делот на енергетската трансформација и зголемување на енергетската независност?

-Ние не можеме да мислиме како да се подготвуваме за следната сеозна затоа што додека размислуваме и дебатираме како, сезоната ќе дојде и пројде. Во суштина потребен е сериозен одговор на ова прашање и потребно е една енергетска политика која ќе овозможи на долги стази од на пример 10 години, раст на приватните инвестиции во енергетскиот сектор, државата да создаде услови за да ги привлече приватните инвестиции за да бидат примамливи за оние луѓе кои посакуваат да водат таков бизнис.

Друга работа е што треба полека да престанеме со тоа да се потпираме на државата, туку да почнеме да се потпираме на сопствениот капацитет што го имаме како заедница, како стручњаци, инженери, работници, граѓани, а да ги користиме услугите на државата. Добро срочените рамковни решенија ќе го стимулираат економскиот раст во случај на инвестиции во енергетскиот сектор, тука пред се мислам на обновливи извори на енергија, на индивидуалните  инвестициите во ФЕЦ, во т.н микро мрежи кои се хит во светот и кои во локални рамки обезбедуваат снабдување од различни типови на дистрибутивни извори на енергија, како мали хидроцентрали, мали ветерни централи, дисперзирани фотоволтаици, мали централи на биомаса кои работат на отпад и многу важно особено за Македонија, централи кои ќе произведуваат енергија и топлина врз база на ѓубре, отпад кое за жал ние го имаме во огромни неконтролирани количини, дисперизан на повеќе места. Ако се создадат добри правни услови , ваквите инвестиции можат да направат бум во производство на енергија .На пример Тетово има многу ѓубре, нема депонија, има вода на Шар Планина а нема вода за пиење. Таквите процеси ќе допринесат за интензивирање на приватни инвестиции што ќе придонесе за добар економски раст.

Треба да се мисли и на потрошувачката на енергија односно на штедењето, како ја користиме енергијата во сообраќајот, електрични и хибдидни возила. Тука има огромен простор за Македонија покрај добивање на енергија од отпад да се ангажира и во процесите за заштеда на енергија .

Србија најави дека од 1 Мај ја зголемува цената на струјата за 8% а гасот за 10%. Што можат да очекуваат македонските граѓани од 1 Јули?

-Од јули доаѓа летото и тоа е поволно во однос на потрошувачката, но убава можност на мала врата  да се покачи цената. КОга поторшувачката по KWh енергија или гас е мала, цената помалу ќе учествува во буџетот на граѓаните.Тоа може да се случи но нема да влијае и да го промени стандардот на граѓаните.

Од друга страна, со членството во НАТО и евроинтеграциите, без разлика на политичките премрежја,  на Македонија се повеќе и се отвораат вратите и можностите кон земјите соседи кои се членки на ЕУ, како на пример Бугарија  која по однос на енергетските капацитети е на вровот. Потоа Грција каде се отвораат перспективи во однос на снабдувањето со течен гас. Ситуацијата е таква што од пред неколку недели Герамнија која со 40% зависеше од рускиот гас, сега е сведено на 0%, ги затворила атмоските централи и се во позиција да извезуваат енергија. Ние имаме сериозни предности во однос на Србија, бидејки политички гледано, стабилноста на безбедносен план е тесно врзана со енергетската стабилност и на тоа многу се внимава во меѓународната заедница. Ние сме во подобра ситуација во односна на мерките кои би биле контрапродиктивни за граѓаните во србија  за цените на електричната енергија и гасот.

К.В.С.

Слични содржини