Интервју со Царовска: Нема да дозволиме вработените во институциите и граѓаните да бидат жртви на партиски манипулации и притисоци

од Aleksandar Todeski
613 прегледи

Ми претставува огромно задоволство што минималната плата од 14.500 денари е реалност и истата има тенденција на постојано зголемување. Искористеноста на мерката за субвенционирање на плати е голема, што ме прави среќна, само минатиот месец скоро 304.000 работници зеле плата од над 18.500 денари, вели вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска во интервју за Локално.

Како доскорешна министерка за труд и социјална политика, таа не сакаше да ја коментира работата на нејзината наследничка, техничката министерка од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи. Вели, отворена е за соработка со секој министер, а оценката за сработеното ја даваат граѓаните.

Царовска потсетува дека треба да се стави јасна граница помеѓу партијата и институцијата со која се раководи, додавајќи дека министерствота и институциите не се партиско седиште.

На изборите на 12 април очекува граѓаните да го изберат вистинскиот пат и дека ќе ја препознаат работата и грижата на власта кон нив.

Локално: Вицепремиерке, колку сте задоволна од спроведувањето на минималната плата, односно има ли поплаки за неисплатена барање за вратена минимална плата од одредени компании?

Царовска: Ми прставува огромно задоволство што минималната плата од 14.500 денари ја утврдивме заедно со работодавачите и синдикатите и е во интерес на сите. Задоволна сум и затоа што за кратко време оваа мерка даде одлични резултати, и минималната плата позрасна за 60 %.  Сметам дека нешто што дава резултати нетреба да се бега тука напротив уште посилно да се имплементира.  Продолжуваме понатаму се со цел да обезбедиме достоинствени примања на граѓаните, но и задоволни работници коишто ќе ја зголемат продуктивноста на компаниите коишто пак ќе ни донесат посилен економски ратс и развој на државата.

Пред само три години текстилните работници зборуваа за нормиран учинок и плата од 9.000 денари, а сега платата од 14.500 денари е реалност и истата има тенденција на постојано зголемување. Она што мене ме прави посебно среќна е големата искористеност на мерката за субвенционирање на плати. Мерката за само 2 и пол месеци ја искористија околу 20.000 компании и ја зголемија платата на 106.000 работници. Благодарение на оваа мерка само минатиот месец скоро 304.000 работници земале плата над 18.500 денари што е 70%  од вкупниот број вработени во приватниот сектор.

Што се однесува на поплаките за неисплатена минимална плата од последните разговори со вработените и Здружението Гласен текстилец, истите се процесуираат до Државниот трудов инспекторат. Ги повикувам сите работниците коишто сметаат дека им се прекршени работничките права со неисплаќање на минимална плата или некое друго право да се охрабрат и истото да го пријавуваат во Државниот инспекторат за труд.

Локално: Какви мерки преземате како вицепремеирка за економски прашања со оглед на тоа што вашиот мандат почна 100 дена пред избори и во техничка влада?

Царовска: Пред се сакам да бидам реална и свесна сум дека 100 дена се прекраток период за да се направат драматични промени од кои ќе има некакви видливи резултати. Но овој период е сосема доволен да се работи фокусирано на отпочнатите активности без при тоа да се запрат процесите. Всушност целта на техничката Влада е да обезбеди функционирање на институциите до спроведување на изборите.

Овој период сум силно посветена на воспоставување на систем што ќе одговори на понудата и побарувачката на пазарот на трудот , бидејќи сметам дека тоа е многу важно за обезбедување на квалификуван кадар којшто е повеќе од потребен на компниите. На овој начин ќе одговориме на барањата на компаниите, но истовремено и ќе ја зголемиме вработливоста на младите лица бидејќи веднаш по завршувањето на школувањето ќе може да се вработат на струката. Фокусот го задржувам и на она што е основна задача на вицепремиерскиот Кабинет за економски прашања, а тоа е координирање на сите крупни ресори коишто се значајни за развојот на економијата и економскиот раст на државата.

Локално: Колку Владата предводена од СДСМ успеа во предизвикот да ја подобри економијата во земјава?

Царовска: Потполно сум убедена дека економските политики коишто ги спроведуваме како Влада во изминатите две и пол години даваат многу добри резултати. Треба да се потсетиме од каде појдовме, кога зборуваме за економскиот раст, а тоа е дека имавме намалување на економската акивност и негативна стапка од -1,8% во вториот квартал на 2017 година, а сега, само две години подоцна имаме просечен раст на бруто домашниот производ од 3,6%, што претставува разлика од 5,4% процентни поени. Навистина ме радува што овој раст е генериран од реалната економија, од компаниите, а не од Владини проекти кои на краток рок обезбедуваат раст, а на долг рок создаваат проблеми. Треба да потенцираме дека со мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестициите и со Програмата за поддршка на микро, мали и средни претријатија, кои произлегоа од Планот за економски раст, навистина ја раздвиживме економската активност на компаниите, како на домашните, така и на странските. Направивме веќе да не се зборува за различни услови за домашни и странски компании, сега сите имаат исти критериуми и услови да добиваат државна поддршка, за понатаму да се развиваат.  Овие две и пол години, како никогаш до сега се инвестира во поддршката на приватниот сектор.

Преку мерките од Планот за економски раст, Оперативниот план за вработување и други мерки, во 2018 година вбризгавме над 1 милијарда, додека во 2019 година 1,3 милијарди денари, а поддржани се околу 500 домашни и странски компании. За годинава за Оперативниот план се предвидени рекордни 1,45 милијарди денари.  Резултатите од оваа поддршка се очигледни. Кога станува збор за компаниите, очигледно е дека се ослободени да се развиваат и тоа можеме да го воочиме преку растот на индустриското производство, кое во двете години расте со стапки од над 5%, како и со порастот на извозот кој во двете години има двоцифрен раст (над 10%).

Од друга страна развојот на компаниите позитивно влијае и на работниците, во периодот на мандатот отворени се нови 59 илјади нови работни места и невработеноста е намалена на рекордно ниски 17,1%, а во исто време имаме реален пораст на просечната плата. Во ноември 2019 година просечната плата изнесуваше 25.787 денари, а пред почетокот на мандатот на оваа Влада во мај 2017 година 22.889  денари. Последната мерка за субвенционирање на придонесите во случај на пораст на плата се уште една мерка со која покажуваме дека се грижиме за економскиот раст и дека одлуките кои ги носиме како Влада, се прво исконсултирани со сите страни, а како второ и се во интерес на сите нас, работниците, компаниите и економијата во државата генерално.

Локално: Рековте дека очекувате минималната плата да достигне 16.000 денари. Кога би можело да се случи тоа, пред 12 април или по изборите?

Царовска: Преговорите за зголемување на минималната плата со сите засегнати партнери се процес кошто цело време трае и не запира. Да имавме цел мандат од 4 години времувам дека минималната плата ќе достигнеше и повисоко ниво од 16.000 денари, коешто беше првично најавено. Веќе споменав дека мерската за субвенционирање на придонесите за раст на плата од 600 до 6000 денари ја повлеќе минималната плата нагоре и очекувам тој тренд да продолжи и во иднина, бидејќи субвенциите фирмите ќе може да ги користат во следните три години.

Локално: Бевте министерка за труд и социјална политика пред да влезете како вицепремиерка во техничката влада. Како гледате на работата на техничката министерка Рашела Мизрахи?

Царовска: Не би сакала да ја оценувам работата на било кој министер во Владата, вклучувајќи ја и актуелната техничка министерка за труд и социјална политика. Отворена сум за соработка со сите министри, секогаш кога тоа се прави во интерес на грѓаните. Оценката за нашата работа ни даваат тие за коишто работиме, а тоа се граѓаните.

Локално: Јавноста се крена околу партиското знаме на интервјуто на Мизрахи. Дали во тоа интервју го препознавате министерскиот кабинет или пак навистина министерката го снимила во партиски кабинет?

Царовска: Сметам дека сите ние треба да ставиме јасна граница помеѓу партијата и институцијата во којашто работиме и со којашто раководиме. Министерствата и институциите не се партиско седиште. Ние сме тука да им служиме на сите граѓани, без разлика на политичка, етничка или друга припадност.

Локално: Како го коментирате бирањето на партиски кадри на чело на социјалните центри од страна на Мизрахи?

Царовска: Секоја промена на раководствата на Центрите за социјални работи во овој период на техничка Влада не е во интерес на граѓаните и има само една цел- да ги закочи процесите. Тоа навистина не ни е потребно и е на штета на граѓаните. Како прогресивна Влада којашто води подеднаква грижа за сите и за демократските процеси, нема да дозволиме ниту вработените во институциите, ниту граѓаните да бидат жртви на партиски манипулации и притисоци.

Локално: Што очекувате од изборите на 12 април?

Царовска: Очекувам мнозинството грѓани да го изберат вистинскиот пат, а тоа е да ја приближат земјата до Европа. Ова се избори на граѓаните и силно вреувам дека на нив ќе победи демократијата, слобота и вредностите коишто ја носат државата напред и не ја враќаат назад во мрачно минато. Сметам дека граѓаните ќе ја препознаат нашата работа и грижа за нив. Ќе препознаат дека и покрај тешкиот период низ кој поминавме на превземање на власта ние како влада за 2 и пол години ја откочивме нашата земја и тргнавме напред. На тој пат не е лесно, има многу пречки, има многу да се учи, но тој пат кој го одиме е правилен пат. И тука немам дилема.

Локално: На анкетите котирате меѓу најуспешните министри. Ќе ве видиме ли повторно на листите и доколку СДСМ ги добие изборите, повторно на чело на Министерството за труд и социјална политика?

Царовска: Политиката е тимска игра, којашто бара посветена работа од сите. Се уште е рано да се коментира било што во врска со листите. Јавноста ќе биде информирана кога ќе дојде моментот за тоа.

Локално: Преспанскиот договор предизборно се актуелизираше од страна на опозицијата. Сметате ли дека е можно укинување и што тоа би значело за Северна Македонија?

Царовска: Сметам дека тоа се ефтини предизборни трикови за придобивање на гласови преку лажен патриотизам. Државата се сака со делата што се прават за нејзин напредок и просперитет, за подобар живот на граѓаните. Тоа е вистинки патриотизам а не со уназадување и враќање назад во изолација.

Иако, сметам дека е невозможно да се случи такво нешто, сепак сакам да потсетам што ќе занчи укинувањето на преспанскиот договор. Тоа ќе ни донесе целосна политичка и економска блокада. До изолација на земјата. Во ваква земја нема просперитет, нема демократија и слобода. Сигурна сум дека граѓаните тоа не го сакаат.

Александар Тодески

Слични содржини