Интервју со Заев: Во Брисел може да прифатиме само влада без Груевски!

од Vladimir Zorba
133 прегледи

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во среда патува во Брисел на продолжение на разговорите за излез од кризата во која подолго време се наоѓа Македонија. По вчерашната изјава на посредникот Јоханес Хан, европски комесар за проширување и добрососедска политика, дадени на брифинг со новинарите во Вашингтон, Заев најави дека нема да замине во Брисел и дека нема да учествува во преговорите. Во интервуза Кирилица Заев објаснува што го премисли:

018335712_303001-540x304

Господине Заев, што ве премисли?

– Телефонското јавување на Хан. Сепак, се јави и се корегира во изјавите. Неговите изјави за оценките на ОБСЕ/ОДИХР беа неприфатливи. Неговите интерпретации на тие оценки беа несоодветни и јасно стави до знаење дека во Брисел ќе се разговара за преодна, или како што сега ја нарекуваат „транзициска“ влада. Без тоа ништо од се она што беше договорено во Скопје, не само за датумот за предвремени избори, туку и за сите други детали како работни тела, измени во изборното законодавство, избирачки список, како и поглавјата за реформи во правосудството и медиумите и се останато – не важи! Ние ќе инсистираме таа преодна, транзициска влада да биде без Груевски. Може да биде целосно експертска, може да биде и политичка, композитна влада, од сите партии во парламентот, може да биде предводена дури и од член на ВМРО-ДПМНЕ, но не од гарнитурата која е целосно инкриминирана. Но, никако од Никола Груевски, кој е прв и најодговорен за таа инкриминација.

– Не, се уште не, за персонални решенија не беше разговарано до сега, ниту во Стразбур ниту овде во Скопје. Постојат опции, можно е да се зборува за луѓе и од невладиниот сектор, за експерти, но прво и најважно е да се констатира дека Груевски нема да ја предводи таа влада. Без тоа, преговорите не можат да имаат позитивен крај.

Некои политичари од помалите партии покренуваат иницијатива во преговорите за решавање на кризата да се покрене и прашањето за промена на изборниот модел – Македонија да биде една изборна единица. Дали се согласувате ова да биде дел од пакетот промени во изборното законодавство?

– Да ви кажам, за ова немаме изградено став во партијата и можам да зборувам само во лично име. Јас многупати имам кажано дека тргнувам од ставот дека големите партии мора да се развластат, зашто оваа катастрофа не смее да се повторува. На Македонија не и требаат нови Груевци и ново ВМРО-ДПМНЕ, вакво автократски поставено, кое ќе ги повторува истите работи што тие ги прават. Не ни требаат такви лидери, толку моќни што ќе мора сите околу нив да се поклонуваат и да велат дека црното е бело. Толку моќни партии и лидери не ни требаат! Па, еве гледате и сега, се решава тешка криза, а се се сведува на она што ќе го речат двајца-тројца лидери. Зарем искусни политичари, како Тито Петковски или Павле Трајанов, немаат што да кажат? Затоа велам, промена на изборниот модел, ќе им донесе загуба на големите партии, ќе ја намали нивната моќ, зашто сегашниот систем ги фаворизира, но таква промена ќе биде добра за демократијата во Македонија. Тоа може да биде само за доброто на Македонија. Големите партии, ако се искрени дека сакаат ваквите аномалии во политиката никогаш да не се повторат, внимателно и одговорно ќе ја разгледаат таа промена во изборниот модел.

Целото интервју прочитајте го на Кирилица на следниот линк.