Интимна прослава: Се омажи Аријана Гранде

од Nikola Popovski

Пејачката Аријана Гранде се омажи за агентот за недвижнини Далтон Гомез.

„Венчавката беше мала и интимна, со помалку од 20 луѓе. Парот и нивните семејства не можеа да бидат посреќни “, изјави за „Пипл“ портпаролот на Аријана.

Минатата година Аријана го претстави своето ново момче Далтон Гомез во видео запис со Џастин Бибер за нивната дуетска песна „Stuck with U“, која ја снимија додека траеше карантинот и неодамна ја објавија.

Видеото е особено интересно затоа што бројни јавни личности ги вклучиле и своите обожаватели, а заработката од него е наменета за финансиска помош на деца на кои им е потребна.

Специјално изненадување се случи на крајот од видеото кога Аријана реши официјално да го претстави своето ново момче Далтон Гомез.

Освен нив, во спотот за дуетот на Аријана и Џастин, исто така се појавуваат и сопругата на Џастин, Хејли, после тоа Кендал и Кајли Џенер, Деми Ловато со своето момче, Гвинет Палтроу, Лил Дики, Џејден Смит, Мајкл Бабл и Ештон Качер и Мила Кунис.

Фото: Robin Marchant/Getty Images

Слични содржини