Конечно излезе долгоочекуваната серија „The Crowded Room“, а петтата епизода ги остави сите без здив и започна лавина од коментари на социјалните мрежи.
Главната улога во овој мрачен психолошки трилер му припадна на актерот Том Холанд, кој се стекна со слава со портретирањето на Спајдермен во еден од познатите филмови за овој суперхерој.
Тој толкува лик кој е уапсен за шокантно злосторство, а во разговор со инспекторот открива се за неговото растројство на личноста. Така, во петтата епизода тој зборуваше за својот женски лик кој ја нарече Аријана и допре до една интимна сцена од клуб која ги разбранува страстите на мрежите.
Снимките од интимниот чин со друг маж во бањата на клубот ги преплавија социјалните мрежи, а коментарите немаат крај.
Додека многумина истакнуваат дека Том „убил како актер“ кој „совршено го прикажал ова психолошко нарушување“, и дека покажал дека може да се справи со секоја улога, други сметаат дека овие сцени „му биле премногу“.
Погледнете ги кадрите по кои „полуде“ светот!
tom holland cruising a gay bar and taking bbc in the crowded room >> pic.twitter.com/GOkqZ9qNGO
— quinn (@outtaminds) July 14, 2023
По снимањето на оваа серија, Том рече дека ќе биде на една година пауза за да се опорави од напорниот проект на кој беше и извршен продуцент.
„Тоа беше сигурно тешко време. Знаете, истражувавме одредени емоции кои дефинитивно никогаш не сум ги доживеал порано, а згора на тоа, како продуцент, справувањето со секојдневните проблеми што доаѓаат со кој било филмски сет само го додаде дополнителното ниво на притисок. Но, навистина уживав, сакав што учам да станам продуцент. Напорната работа не ми е непозната, секогаш живеев со идејата дека напорната работа е добра работа. И навистина уживав во тоа“, изјави неодамна Холанд.
Штом се спушти завесата на снимањето, направи кратка пауза, па сфати дека ќе му треба подолга.
„Снимањето ме скрши. Исчезнав, отидов во Мексико една недела и поминав извесно време на плажа. И сега земам една година паузи“, рече Том.