„Интракат“ продолжува со изградбата на штипската болница и покрај опструкциите од „Бетон Штип“

од Vladimir Zorba

Фирмата „Интракат“, која важи за една од најголемите градежни компании во Грција, продолжува со изградбата на Клиничката болница во Штип каде во моментов се одвиваат градежни активности.. Оваа компанија се вбројува во гигантите на градежништво во Грција и освен во матичната земја, Интракат работи на големи проекти и во Романија, Полска, Кипар, Албанија и Северна Македонија.

Од „Интракат“, специјализирани за изградба на клинички центри и болници, со долго годишно искуство велат дека штипската болница може да биде завршена и до јуни 2023 година. „Да не заборавиме изминативе две години се соочивме со ковид пандемијата и последиците од неа, високиот раст на цените на глобално ниво и сега војната во Украина. Живееме во состојба на воена криза. Голем кочничар на целиот проект се и опстуркциите кои ги прави поранешниот подизведувач „Бетон Штип“. Но, и покрај сите препреки сè уште работиме според планираното“. – истакнуваат од Интракат.

„Бетон Штип“, компанијата на контроверзниот бизнисмен Орце Камчев, како подизведувач го напушти проектот Клиничка болница Штип во 2018 година. „Интракат“ се соочи со последици од пропадната компанија „Бетон Штип“. Грчката компанија го раскина договорот со нив и презеде обврски пред Министерството за здравство самостојно да го доврши објектот. Но разделбата на двете компании, не заврши мирно. Поранешниот подизведувач „Бетон Штип“, со неосновани тужби, се обиде да отвори стечајна постапка кон подружницата на „Интракат“ отворена во Северна Македонија, а тоа ја забави изградбата на болницата. Два пати „Бетон Штип“ предлага отварање на стечајна постапка на подружницата на „Интракат“, и два пати судот во Скопје одлучува дека тоа не е можно во однос на доказите.

Како се одвиваше целиот спор?

„Бетон Штип“ значително ги намали работните активности на почетокот од 2018 година и постепено запира до ноември 2018 година. Проектот беше со низа недостатоци во делот на електриката, а тоа го утврди и Министерството, надзорниот инженер и ние како изведувачи, па сето тоа требаше тоа да се надмине. Откако се извршија корекции на проектот, се соочивме со светската пандемија со вирусот Ковид 19. Затворањето на границите, воведувањето на разни ограничувања го направија своето за да се успори градбата“ – велат од менаџментот на „Интракат“ за нашиот медиум.

Кога грчката градежна компанија, во август 2020 година, почнала засилено да работи на објектот, процесот го блокирал поранешниот подизведувач „Бетон Штип“. Тие поведуваат постапка за стечај, на „Интракат“ подружницата во Северна Македонија, и како што велат од грчката компанија, имаат неосновани, измислени побарувања, базирани на фалсификат документи, а за самата судска постапка воопшто не се ни надлежни судовите во Северна Македонија.

Договорот што бил склучен меѓу „Интракат“ и „Бетон Штип“ имал арбитражна клаузула, што значи дека за сите спорови, надлежен е арбитражниот суд во Париз, а не македонските судови, што неотповикливо го одлучи судот Скопје во ноември 2019 година. Но и покрај тоа, „Бетон Штип“ пред домашните судови, поведува граѓанска постапка, за наводен долг од страна на „Интракат“ и ја блокира сметката на македонската подружница на „Интракат“ а постапката и сослушувањето се води без присуство на „Интракат“.

-Отогаш „Интракат“ се обидува преку законски процедури да ја врати својата целосна оперативност, но и покрај сите веќе наведени опструкции, продолжуваме со непрекината градба“ – посочуваат од грчката градежна компанија.

Офанзивата на „Бетон Штип“ не застанува овде, се обидуваат во јавноста да ја прикажат дека „Интракат“ должи средства и на други македонски компании, како и дека исплатите кои ги добивале од Министерството за здравство биле „криминални“.

„Ова е целосно неосновано обвинување без никакви докази, се со цел свесно да се наруши имиџот на нашата компанија. Одговорно тврдиме дека нашата компанија нема долг кон ниеден добавувач или вработен во Северна Македонија. “Тврдењето на „Бетон Штип“ дека тие имаат побарување до нас од околу 2,8 милиони е фиктивна бројка, која се заснова на фалсификувани документи. Штом „Интракат“ ја прекина соработката со „Бетон Штип“, издаде корпоративна гаранција. „Интракат“ дури и плати 100% од трошоците. На проектот секојдневно работат повеќе од 100 лица, од кои 30 се вработени во ИНТРАКАТ и добиваат редовни месечни примања, како и повеќе од 15 кооперанти. Нашата компанија редовно плаќа даноци, а ние немаме долг кон никого“ – велат од ИНТРАКАТ.

Што се однесува до последните исплати од Министерството за здравство, од „Интракат“ појаснуваат дека се работи за задоцнето плаќање за веќе завршена работа, во септември минатата година.

„Исплатата нема врска со смена на министерот, бидејќи имаше обвинувања во дел од медиумите. „Тоа е исплата што требаше да се реализира според процедурите од нашиот Договор“ – објаснуваат од „Интракат“.

„Бетон Штип“ – од милионски наплати за Скопје 2014 до стечајна постапка

Градежната компанија „Бетон Штип“ од јули 2019 година е во стечај. Судската одлука за стечај на „Бетон Штип“ е поради основен долг кон три компании-побарувачи од Северна Македонија. Еден од сопствениците на градежна компанија „Бетон Штип“ е бизнисменот Орце Камчев. Фирмата учествува во изградбата на контроверзниот проект Скопје 2014, а од државната каса за тоа наплаќа 55 милиони евра. Фирмата во која има удел и Камчев, е изведувач на ФИНКИ, Мепсо, Уставен суд, Факултет за физичка култура, Музеј на македонска борба, Стар театар и партерно уредување кај МНР. Специјалното јавно обвинителство во номеври 2018 година, кога го отвора предметот „Империја“, според тогашната истрага, објави дека преку продажбата на „Бетон Штип“ и продажбата на акциите во Фершпед биле испрани 8 милини евра.

Судскиот спор продолжува, „Интракат“ веруваат во фер судење и конечна разрешница

Судскиот спор помеѓу „Итракат“ и „Бетон-Штип“ продолжува. Од грчата компани истакнуваат дека веруваат во правично и фер судење бидејќи аргументите се на нивна страна и веќе неколку рочишта и постапки се завршени во нивна корсист. Во меѓувреме изградбата на клиничката болница во Штип продолжува и веруваат дека со надминување на спорот изградбата ќе се забрза и и дека е роковите ќе бидат запазени.

Редакција „Локално“

Слични содржини