373
Дваесет и деветгодишниот И.Ш од скопска Копаница во 21.25 часот пријавил дека на Попова Шапка, каде престојувал со неговиот брат Х.Ш. и двајца нивни пријатели, по куса вербална расправија, Ф.З.(27) од истото село извадил огнено оружје и пукал кон Х.Ш., но не го погодил, по што со возило се оддалечил од местото.Според пријавеното, двајцата браќа подолго време имале нарушни односи со Ф.З, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Сега полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.