Инцидент на прославата на титулата: Делиите нападнале инспектори во цивилна облека, мислејќи дека се Гробари! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
340 прегледи

Синоќа навивачите на Црвена Ѕвезда предизвикале тепачка за време на прославата на титулата во српското фудбалско првенство, во близина на салата Бетон, на брегот на реката Сава во Белград, каде беа распоредени силни полициски сили. Две лица биле полесно повредени и завршија во Ургентниот центар.

Приврзаниците на црвено-белите се собрале на брегот на Сава за да го прослават 32-от трофеј на нивниот тим. Прославата се претворила во хаос во кој биле оштетени рестораните во салата Бетон.

Неофицијално е познато од полицајците во цивилна облека, кои биле на лице место, дека биле нападнати, затоа што некои од навивачите на Звезда сметале дека се навивачи на Партизан.

Сепак, кога рекле дека се полицајци, навивачите почнаа да ги тепаат уште повеќе.

Дури и за време на церемонијата имало инцидент со луѓе од една кафеана, што наводно е обезбедуван од навивачи на Партизан, па на почетокот погрешно било објавено во дел од српските медиуми дека имало конфликт меѓу навивачки групи.

На потегот кон Калемегдан, направена е поголема материјална штета. Специјалните единици со џипови пристигнале под Бранковиот мост, опремени со панцири и поставени на таков начин што ќе го обезбедат тој простор. Медиумите јавуваат дека се уапсени околу 80 навивачи.

Фото: Nova.rs

Слични содржини