591
За време на средношколски натпревар на стадион во Алабама синоќа се случи пукање во кое беа повредени четири лица. Тројца мажи и една жена се пренесени во болница, од кои едниот е во критична состојба, пренесе Си -Ен -Ен.
– Пукањето не се случи внатре во стадионот, туку пред влезот. Натпреварот помеѓу двете средни училишта беше веднаш прекинат, изјави шефот на локалната полиција Пол Прин.
Според доказите, полицијата претпоставува дека биле испукани вкупно седум куршуми.
Во целиот инцидент беа вклучени неколку лица, но најверојатно се работи за еден напаѓач.
По напаѓачот се уште се трага, а сведоците велат дека најмалку две лица избегале од местото на настанот со бел автомобил.