Инцидент во Кавадарци: Му го попречил патот со возилото, па физички го нападнал

од Берта Китинска

На 11.08.2022 полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Д.Т.(35) од Кавадарци. Тој на локалниот пат Дреново – Кавадарци со своето патничко возило „фиат пунто“ со кавадаречки регистарски ознаки, му го попречил патот на Л.М.(22) од Кавадарци кој се движел со патничко возило „голф“, со кавадаречки регистарски ознаки и физички го нападнал.

Д.Т. е приведен во Полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава.

Слични содржини