289
Откако дојде до тензии меѓу претседателот на Собранието, Талат Џафери и пратеникот Димитар Апасиев, се случи и вербален инцидент меѓу лидерот на Левица и пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски.
Во моментот кога Апасиев се враќаше кон пратеничкото место, дојде до препирка со Костовски. Двајцата влегоа во клинч и започнаа да се туркаат, по што дојдоа неколку пратеници од двете страни за да ги разделат и да спречат поголем инцидент.
Откако беа разделени двајцата продолжија со дофрлувањата.
Се уште е во тек 81. седница од расправата за францускиот предлог-преговарачка рамка за почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ.
Видеото од инцидентот можете да го погледнете ТУКА.