Седумкратниот светски шампион во рели, Французинот Себастијан Ожие предизвика сообраќајна несреќа на загрепската авенија Дубровник пред почетокот на последната фаза од релито, пренесуваат хрватските медиуми.
Ожие премина на десната лента без да трепне и удри автомобил кој не учествуваше на трката. Од силината на ударот, друг автомобил „полетал“ кон тротоарот во близина на автобуската станица.
За среќа, никој не е повреден при судирот, а утврдена е само материјална штета на возилата.
Французинот веднаш избега од местото на несреќата.
Rallycoureur Sebastien Ogier was onderweg naar de volgende stage in de Rally van Kroatië. Een klein stukje openbare weg, wat kan er mis gaan zou je zeggen… 🤪💥 pic.twitter.com/L3Nsm8rC6f
— Rob van Gameren (@VanGamerenF1) April 25, 2021
На социјалните мрежи се појавија снимки кои го покажуваат моментот на судирот, но и срамната реакција на Французинот кога полицијата го запре.
Тројца полицајци и сопственик на друго возило стоеја покрај Тојотата на Ожие вредна 700 илјади евра … По кратка дискусија, Французинот реши да побегне пред да заврши истрагата. Полицаецот се обидел да го запре, застанал пред автомобилот, но кога сфатил дека нервозниот возач на Тојота ќе го прегази, се тргнал и го пуштил да помине.
„Себастијан учествуваше во сообраќајна несреќа на денешното рели. Никој не беше повреден, а Јарисот беше оспособен за денешната етапа”, се вели во соопштението на неговиот тим.