Инцидент во „жариштето“: Палестинец прободе двајца Израелци (видео)

од Nikola Popovski

Палестинец прободел и ранил двајца Израелци, од кои едниот е војник, во близина на населбата Шеик Џарах, „жариштето“ на источен Ерусалим, што е во центарот на палестинските протести.

Полицијата соопштила дека пукала во напаѓачот, пренесува Ројтерс и додава дека состојбата на осомничениот сè уште не е позната.

Израелска итна помош соопштила дека двајца мажи, околу 20 години, биле повредени во нападот, од кои едниот потешко.

Инцидентот се случил во близина на населбат, каде претходно започнаа масовни протести поради најавеното иселување на палестинските семејства, а тој инцидент служеше и како причина за започнување на 11-дневните борби меѓу Израел и Хамас во Газа.

Израелската армија соопшти дека еден од ранетите е израелски војник.

„Војникот доби медицинска помош на самото место и беше пренесен во болница за понатамошно лекување“, се вели во соопштението на армијата.

Слични содржини