Во Белград веќе почнаа инциденти поради Европрајдот, кој треба да започне во 16 часот.
Расчинетиот монах Антоније беше приведен откако тој и неговите приврзаници се судрија со полицијата во пресрет на настанот „Европарајд 2022“.
Покрај тоа, при пресметката со полицијата тој пцуел, а потоа фрлил шише кон снимателот на телевизијата N1.
Во моментот кога вербално и физички се пресметал со полицијата, расчинетиот монах Антоније, кој е учесник во контра-прошетката, фрлил шише кон снимателот на телевизијата N1.
Инцидентот бил пријавен во полиција која ги зела податоците од снимателот.
Исто така, уште две лица се приведени откако противниците на Парадата на гордоста фрлале шишиња кон автомобили, ги пцуеле насобраните новинарски екипи и се карале со полицајци, јавува репортерот на порталот „Нова.рс“.
Насобраните носат икони и крстови и бараат од полицијата да ги отстрани или „да ги уапси содомистите“.
Фото: Нова.рс