„Во грчките води, во Егејското и Јонското море, има инвазија на виолетови медузи или Pelagia noctiluca, а експертите го обвинуваат порастот на температурата на морето, како и прекумерниот риболов. Виолетовите медузи се забележани во голем број во централното и северното Егејско Море, во Саронскиот Залив во близина на Атина, како и на неколку острови во Јонското Море. Меѓутоа, проблемот не е само грчки, бидејќи го зафаќа целото Средоземно Море“, пишува „Keep Talking Greece“.
View this post on Instagram
Виолетовата медуза има розово-виолетова боја кога ќе порасне, а портокалово-кафеава кога е млада, максималниот дијаметар што може да го достигне е 10 см, но пипалата може да пораснат неколку метри во должина.
Доколку го забележите, се препорачува да не ризикувате да пливате во море и задолжително да имате со себе некоја антихистаминска крема или кортизонска маст која можете да ја набавите во секоја аптека, бидејќи е еден од најопасните видови на Медитеранот поради силниот невротоксин што го има, а се пренесува со убоди.
Според Извештајот за медузи од 24 мај 2022 година, кој беше направен како дел од проектот за следење на медузите во Грција, „Закинтос, Паксос, Антипаксос, Кефалонија, заливот Амвракикос и Крф веќе се идентификувани како места каде што се појавија виолетови медузи“. „Во наредните денови и недели проблемот ќе почне да се засилува и таму“, се додава во извештајот.