Инвестицијата на „Бреинчајлд” беше најавена за време на владеењето на СДСМ, Мицкоски ја сведе на едвај 200 вработувања – велат од „Бихаќка“

од Nikola Popovski
24 прегледи

Инвестицијата на „Бреинчајлд” во индустриската зона Жабени, која беше најавена за време на владеењето на СДСМ, од првично планираните 13,5 милиони евра и околу 530 нови работни места, денес со потпис на Мицкоски е сведена на 8,5 милиони евра и едвај 200 вработувања, порачаа од најголемата опозициска партија откако претходно премиерот Христијан Мицкоски најави нова германско-холандска инвестиција од 8,5 милиони евра.

Според СДСМ, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја намали вредноста на инвестицијата за 5 милиони евра и успеа да го преполови бројот на планирани работни места.

-Наместо амбициозен проект што ќе донесе стабилни приходи и нови можности за граѓаните на Битола и регионот, новата влада успеа да ги предомисли инвеститорите и ги стави интересите на граѓаните во втор план. Разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во односот кон странските инвестиции не е само прашање на бројки, туку на стратегија и визија за економскиот развој на државата. СДСМ создаде систем што беше привлечен за инвеститорите, поставувајќи ги условите за транспарентно работење, стабилни институции и поддршка за долгорочни инвестиции што носат стабилни работни места и придонесуваат за растот на економијата, тврдат од партијата на Венко Филипче.

Бреинчајлд е иновативна компанија која комбинира техничко знаење и практично искуство во целокупниот процес на производство, притоа посветувајќи сериозно време и фокус на одржливи производни практики и циркуларна економија во комплетниот производен циклус.

Брендот Бреинчајлд во Македонија има формирано две компании и тоа: Бреинчајлд Продукција во 2020 година и • Бреинчајлд Производство во 2022 година. Се потпишуваат два независни договори за државна помош за два одделни инвестициски проекти кои ќе бидат реализирани паралелно од двата правни субјекти.

Бреинчајлд Продукција е компанија која се занимава во активности за истражување и развој на новите производи, преку користење на уникатни репроматеријали, а со цел добивање на специфичен материјал кој е потребен за производство на опремата за спортови на ветер и вода. Инвестицијата е лоцирана во Битола, во постоечки објект со големина од 1500 м2. Бреинчајлд Продукција поднесе писмо за намери и деловен план за реализација на инвестициски проект за индустриско истражување на почетокот на 2024 година.

Слични содржини