177
Италијанскиот вицешампион Интер соопшти дека го продолжил договорот со тренерот Симоне Инзаги (46) до летото 2024 година.
Инзаги на клупата на Интер пристигна минатото лето кога го замени Антонио Конте, откако го водеше Лацио во претходните пет сезони. Потоа потпиша двегодишен договор кој беше продолжен на уште една во вторникот.
Во првата сезона на клупата на „црно-сините“ не успеа да ја одбрани титулата, заостанувајќи на крајот два бода зад градскиот ривал Милан, но го освои Купот на Италија и стигна до осминафиналето во Лигата на шампионите, што беше прв таков успех за овој клуб во елитното натпреварување по 10 години.