Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, во среда навечер очекува прилично тежок меч со Јувентус во финалето на Купот на Италија.
Тој е на мислење дека малите детали ќе ја направат разликата во натпреварот и ќе го одредат победникот.
„Ова е финале, така што нема готов рецепт за победа. Мораме да играме на овој натпревар, знаејќи дека против нас имаме силен противник и треба да дадеме 110% ако сакаме да ја оствариме нашата втора цел сезоната. Ни претстои важна недела. Знаеме што постигнавме досега и што градиме овде. Добро ни оди, благодарение на играчите. Очекувањата се зголемија и ја прифаќаме оваа одговорност. Го освоивме првиот трофеј во Јануари, но сега треба да се радуваме, а потоа и на последните два натпревари од сезоната. Завршивме одлична работа. Има многу да се одигра во последните 15 дена. Можеби не очекувавме да стигнеме толку далеку“, призна Инзаги.
„Деталите ќе направат разлика. Добро се познаваме, се сретнавме три пати оваа сезона и ќе има многу класа на двете страни. Ќе треба да донесеме правилни одлуки во тешките моменти. Се му должам на тимот. Секогаш ме поддржуваа и ова е одлична сезона, одигравме 50 натпревари и мислам дека прикажавме добар фудбал“, изјави тренерот.