Инзаги: Ова не беше мојот Интер, мораше да се справиме подобро

од Vladimir Zorba
15 прегледи

Ова не беше мојот Интер, видовте како изгледаше, се соочивме со тим кој беше едноставно подобар од нас, изјави тренерот на Интер, Симоне Инзаги, по поразот од Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите (5:0).

„Моравме да играме подобро, но не успеавме. Пристапот кон играта беше лош и затоа му ја олеснивме работата на ПСЖ. Тие беа пред нас во секоја топка. По првиот примен гол, ништо повеќе не беше во наши раце. Примивме голови како никогаш досега. Сите мораше да се справиме подобро, јас пред сè“, нагласи Инзаги.

Додаде дека во наредните денови ќе разговара со раководството на клубот за својата иднина, со оглед на тоа што Интер ја заврши сезоната без трофеј и го загуби второто финале на Лигата на шампионите во последните три години.

Слични содржини