Инзаги по елиминацијата: Во вакви дуели, цената што ја плаќате е превисока

од Vladimir Zorba

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги е разочаран од елиминацијата од Лигата на шампионите, но е горд и на настапите на неговата екипа во европските клупски натпреварувања оваа година.

Интер поведе кај Атлетико преку Федерико Димарко во 33. минута, но Антоан Гризман веднаш израмни, а Коке со гол пред самиот крај го испрати натпреварот во продолженија. Двата тима отидоа во пенал серијата каде Италијанците направија дури три грешки и се простија од Лигата на шампионите.

„Сите сме многу разочарани, но им реков на момчињата дека можат да се гордеат со кампањата. Не го загубивме натпреварот (во регуларното време или продолженијата – н.з.), но во некои клучни моменти можевме подобро“, рече тој, цитиран од клупската веб-страница.

„Во продолженијата ја контролиравме играта, но повторно грешивме. Во вакви натпревари цената што ја плаќате е превисока. Во првиот натпревар можевме да имаме и поголема предност, а на овој требаше го задржиме водството, но наместо тоа, тие веднаш се вратија“.

„Не сме навикнати да губиме и разочарани сме бидејќи пласманот беше во наши раце. Сепак, горд сум на мојот тим. Сега треба да се исправиме и да го свртиме вниманието кон домашното првенство, каде што се уште треба да ги постигнеме нашите цели“, изјави Италијанецот.

Слични содржини