Тренерот на Интер, Симоне Инзаги го изрази своето големо задоволство од освојувањето на Купот на Италија. „Нероазурите“ победија со 4-2 по продолженијата против Јувентус, а натпреварот помина низ пресврти и им го одзема здивот на навивачите на „Олимпико“ и пред екраните.
„Добар настап против многу силен противник. Игравме добро во првите 30 минути, но по паузата го загубивме темпото и примивме два гола. Моравме да бидеме повнимателни. Сепак, Интер никогаш не се предава. Сега имаме уште два натпревари во Серија „А“ и сакаме што подобро да ја завршиме сезоната.
Уживаме во моментот, бидејќи ова е наш прв Куп на Италија по 10 години. Среќен сум за клубот, за нашите одлични играчи и навивачи кои не поддржуваа од почеток до крај. Вложивме се за овој натпревар со цената на загубените бодови во првенството, но не жалиме за ништо“, прокоментира 46-годишниот стратег.