437
Фудбалерите на Интер синоќа беа подобар ривал цели 70 минути, создаваа шанси, ја погодија гредата, но тоа не беше доволно против Ливерпул.
„Црвените“ на крајот победија со 2-0, па мирно го чекаат реваншот на 8 март на „Енфилд“.
„Среќен сум и горд на мојот тим. За жал, во нашиот најдобар период во играта не бевме наградени со заслужен гол, а потоа Ливерпул постигна гол од првата полушанса. Заслуживме повеќе, но овој натпревар треба да служи како водич. Ливерпул е еден од двата најдобри европски тима, а Интер се справи одлично и заслужи повеќе. Ваквото издание треба да ни ја подигне самодовербата, бидејќи одигравме фантастично“, изјави тренерот на „нероаѕурите“ Симоне Инзаги по мечот.