Симоне Инзаги беше природно задоволен од големата победа на неговиот Ал Хилал над Манчестер Сити со 4:3 по продолжение во осминафиналето на Светското клупско првенство.
Во Орландо, саудискиот тим покажа карактер и елиминираше еден од фаворитите за трофејот по драма, при што самиот Инзаги се одмазди делумно, но со друг тим, за поразот на Интер од „граѓаните“ со 0:1 во финалето на Лигата на шампионите во 2023 година, кога италијанскиот стручњак беше на чело на „неразурите“.
„Клучот за овој резултат беа играчите, срцата што ги оставија на теренот. Моравме да направиме нешто извонредно бидејќи знаевме колку е силен Манчестер Сити, знаевме дека мора да се искачиме на Монт Еверест без кислород и бевме одлични. Гвардиола е најдобриот тренер во светот, но вечерва дадовме се од себе и ја заслуживме победата“, коментираше Инзаги, чиј тим треба да се соочи со бразилскиот Флуминенсе, кој го изненади токму поранешниот тим на Италијанецот, Интер.