Инзаги по убедливата победа над Милан: Пристапивме интелигентно и постигнавме гол во вистинските моменти

од Vladimir Zorba
252 прегледи

Симоне Инзаги го опиша како „фантастичен“ настапот на Интер на реваншот од полуфиналето на Купот на Италија против Милан. „Нероазурите“ го победија својот градски ривал со 3-0 и се во финалето на турнирот за прв пат од 2011 година, продолжувајќи да ја „бркаат“ тројната титула на домашната сцена.

„Момците завршија фантастична работа. Дербито го одигравме интелигентно, тактички коректно и постигнувавме голови во вистински моменти. Одигравме три различни натпревари против Милан претходно во сезоната, но ова беше најважно. Од 8 јули не престануваме да работиме за да уживаме во крајот на сезоната. Веќе го освоивме Суер купот, во финалето сме за националниот Куп и имаме шанси за титулата во првенството“, сподели Инзаги.

„Во најфреквентниот период од сезоната загубивме вредни бодови, но не се откажавме и продолжуваме да се бориме на сите фронтови. Имам четворица напаѓачи во добра форма и треба да одлучам кого да пуштам во игра. Не заборавајте дека го кренавме Суперкупот благодарение на луѓето кои влегоа од клупата. 10 дена подоцна, резервите беа обвинети за поразот од Милан со 1:2. Внимавав само на конструктивните критики“, истакна тренерот на Интер.

„Неизвесноста во Серија „А“ ќе трае до крај, дури ни Јувентус не треба да се отпише. Игравме добро на претходните дерби со Милан, но ни недостигаше нешто за да победиме. Исклучително сум среќен за нашите навивачи. Знам колку време Интер не бил во финалето на Купот на Италија. Така беше и со надминувањето на групата во Лигата на шампионите, па навивачите можат да бидат задоволни“, изјави Инзаги.

Слични содржини