Инзаги: Веќе сум го освоил Скудетото во последното коло

од Vladimir Zorba
315 прегледи

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги останува оптимист дека неговиот тим може да го освои Скудетото. „Нероазурите“ синоќа го победија Каљари со 3-1 и со тоа останаа на 2 бода зад лидерот Милан пред натпреварите од последното коло. Проблемот е што Интер и да победи на домашен терен од Сампдорија ќе мора да чека грешка од Милан за да го симнат од врвот. Сепак, Инзаги смета дека тоа е можно. Нешто слично како фудбалер веќе има направено со Лацио во 2000 година.

„Не ни беше лесно, знаејќи дека Милан веќе победи, но тимот одигра многу добро против противник кој знае да прави проблеми на домашен терен. Честитки за тимот, затоа што не може се нарече загарантирана победа, особено откако одигравме 120 минути во средата“, изјави Инзаги.

„Очекувам многу оспоруван последен ден од сезоната. Некои ќе се борат за место во Европа, други за да се спасат од испаѓање. Ќе се обидеме да одиме до крај. Заостануваме, па мораме да победиме и да чекаме Милан да загуби. Но, ова веќе се случи. Слично победив со Лацио кога заостанувавме два бода, но Јувентус загуби од Перуџа, па зошто да не се повтори“ додаде менторот.

Посебно го пофали напаѓачот Лаутаро Мартинез, кој на мечот со Каљари постигна 2 гола и веќе има 21 гол во Серија А од почетокот на сезоната.

„Мислам дека тој постигна 13 гола во последните 13 натпревари. Тој беше казнет против Верона и решив да не го користам против Специја. Но, оттогаш тој не греши. Тој е играч од светска класа и е многу важен. Секогаш дава се за тимот и знае и како да ги заврши нападите, но ова не е новост, му кажав на Лаутаро дека ќе постигне многу голови оваа сезона, бидејќи и кога имаше тешки периоди не застануваше да работи на тренинзите“, изјави струњакот.

За крај го прашаа за што најмногу жали оваа сезона.

„За првиот натпревар против Ливерпул, најмногу жалам поради тоа. Имаат еден пораз од почетокот на 2022 година и тоа беше од Интер. Да не останевме со 10 луѓе, кој знае што ќе се случеше. Гледајќи наназад, ова е сезона со два освоени купа и уште сме во битка за Скудетото. Не очекував такво нешто. А нашиот европски марш го прекина Ливерпул“, заклучи Инзаги.

Слични содржини