Инженер, пилот и Гинисов рекордер: Кој е милијардерот кој се наоѓа во исчезнатата подморница?

од Stefanija Kuzmanovska
1,1K прегледи

Во длабочините на Атлантскиот океан исчезна подморница во која има пет лица, по име „Титан“, која тргна во експедиција за истражување на потонатиот брод Титаник, а меѓу патниците е и милијардерот Хамиш Хардинг.

Хамиш Хардинг, 59-годишен британски милијардер, бизнисмен и истражувач, наводно е на подморница која исчезнала во Атлантскиот Океан. Имено, Хардинг вчера изјави дека се приклучил на најновата експедиција на Оушн Гејт на Титаник, пишува Би-Би-Си.

Хардинг објавил на Фејсбук и другите социјални мрежи дека првото нуркање се обиделе да го изведат во неделата, на 18 јуни. Тој додаде дека на подморницата има неколку легендарни истражувачи, од кои некои направиле повеќе од 30 нуркања до Титаник од 1980-тите.

Првата и единствена мисија на Титаник оваа година?

Хамиш напишал дека ова патување најверојатно ќе биде првата и единствена мисија со екипаж до Титаник оваа година поради тешките временски услови.

Тој студирал природни науки и хемиски инженеринг на Универзитетот во Кембриџ, а подоцна се здобил со дозвола за пилот.

Минатата година бил наречен „вселенски патник“ поради учеството во комерцијален лет за Блу Ориџин, вселенската компанија на Џеф Безос. Тој го држи и Гинисовиот рекорд за обиколување на Земјата преку Северниот и Јужниот Пол.

Хардинг моментално е претседател на Action Aviation, меѓународна компанија за продажба и операции на деловна авијација со седиште во Дубаи.

Во јуни минатата година, тој првпат објави дека ќе се приклучи на тимот за да ги види остатоците од Титаник.

Слични содржини