Инженерите може да го решат проблемот со аерозагадувањето во Скопје

од Vladimir Zorba
280 прегледи

Градовите може да станат одржливи и да бидат подобро место за живеење доколку се искористи креативноста на инженерите, беше констатирано на денешното одбележување на Светскиот инженерски ден во Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

„Како што инженерите проектираат и градат објекти и сообраќајници, треба и да понудат решенија за намалување на загадувањето како најголем предизвик во урбаното живеење, но потребна е финансиска поддршка на нивните идеи. Инженерската фела апелира и што поскоро да се усвојат еврокодовите. Се поголем предизвик е и малиот интерес за инженерски студии, но и масовниот одлив на диплоираните инженери“, рече професор д-р Миле Димитровски, претседател на КОАИ.

Според него, голем дел од тоа како ќе се одвива животот во градовите зависи од архитектите и инженерите но и од однесувањето на граѓаните кои живеат во тој град.

„Ние сме инженерски занимања кои ги градиме градбите, ги одржуваме, правиме да бидат функционални, но тие треба да бидат во интерс на граѓаните и нивното нормално живеење. Сметаме дека таа задача досега успешно сме ја исполнувале, а се надевам дека така ќе биде и во иднина, изјави Димитровски.

За претседателот на Комората, Инженерите се единствените кои можат да направат нешто во справување со загадувањето бидејќи дел од објектите, технологиите, средствата и оп-ремата , нивното функционирање и одржување се инженерска работа, па затоа тие се оние кои проблемите можат да ги решаваат на местото на нивното настанување.

„Индустриските капацитети, возилата, прашината од градба, депонииите, одржување на хигиена во градовите и сл. се места на создавање на загадувањето со цврсти честички и ние треба да ги решиме. Мислиме дека инженерите имаат капацитет да ги решааваат проблемите, но треба да се најдат финансиски средства за поткрепа на таквите проекти. Би почнале од се, прво од историја на „болеста“ што се вика недостаток на чист воздух за дишење, а потоа еден по еден би ги решавале „причините“. Но, мора да работиме здружено сите, секој во своето поле да одработи тоа што го знае најдобро. И граѓанските организации имаат своја улога, но кога ќе му дадете на некој да го решава проблемот со сообраќајот, тоа треба да биде сообраќаен инженер, ако е проблемото од машинство на машинец, ако е од урбано плаирање, урбан планер, ако е од електротехника на електринженер и тн. и тие ќе ги направат сите зафати за смалување на загадувањето. рече Димитровски.

Анастасија Трајковска, од одделението на архитекти при Комората, ја потенцираше важноста од интердисциплинарен пристап на сите инженери за подобар живот во градовите. Целта е да ги направиме градовите поодржливи.

-Со оглед на тоа што основните цели на одржливиот развој се подобрување на животната средина, заштеда на енергијата и контрола на урбанот развој, ова не инволвира сите нас инженери кои сме дел од комората да настапиме интердисциплинарно за да можеме да ги направиме нашите градови поодржливи, попријатни и да ни обезбедат подобри услови за живот. Ваквите можности во нашата земја согласно со законската регулатива не се многу големи. Целта не е да критикуваме, туку да покажеме дека креативноста и иновативноста на инженерите можат да ги совладаат сите препреки и да ги обезбедат основните цели за одржливиот развој согласно агендата на ООН, која е и водилка за воспоставување на овој прв светски инженерски ден изјави Трајковска.

„Направена е хармонизирана регулатива на ниво на ЕУ за да може проектите да бидат компатибилни и да може некои инженери од која и да било европска држава да проектираат каде било во Европа, со тоа што ќе се повикуваат на параметри карактеристични за таа земја, но принципот на работа, теркот е хармонизиран за сите. Дали сакаме ние да бидеме хармонизирани со Европа е наша определба. Ако сака некоја наша фирма да работи за Австрија не може да го прави по наши прописи, туку по еврокодови“. Градежните инженери бараат што е можно поскоро со одлука да бидат ставени во употреба еврокодовите, кои веќе се доставени до Владата и кои отвораат многу нови можности за инженерите, вели раководителот на професионалното одделение на градежните инженери професорот Петар Цветановски.

Слични содржини