ИО на СДСМ го назначи Трајановски за нов потпретседател на партијата

Трајановски доаѓа на потпретседателската функција која претходно ја вршеше Ана Чупевска која си поднесе оставка

од Nikola Popovski
25 прегледи

„ВМРО-ДПМНЕ треба да се грижи за ова што го зборувавме денеска, и ВМРО-ДПМНЕ треба да им даде одговорите на граѓаните за сите оние скандали коишто ги објавивме досега и допрва ќе ги објавуваме. ВМРО-ДПМНЕ треба да размислува за реформите и во нивната партија и во Владата, треба да размислуваат за потребите на граѓаните коишто ги ветија, а не ги испорачуваат, наместо да се занимаваат со СДСМ“, порача портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.

Кузеска информира дека вчера на Извршниот одбор, беше прифатен поддржан предлогот на претседателот Венко Филипче за потпретседател на партијата да биде реномираниот доктор Александар Трајановски.

-Сите оние информации коишто се „штанцаат“ од Белата палата се токму тоа — дефокусирање на јавноста за тоа што го работи, односно не го работи Владата, и од сите скандали коишто се досега објавени, истакна Кузеска.

Трајановски доаѓа на потпретседателската функција која претходно ја вршеше Ана Чупевска која си поднесе оставка. Неотповиклива оставка по изборите поднесе и претседателот на градската организација на СДСМ, Ѓорѓи Галетановски .

Трајановски на локалните избори беше противкандидат во Аеродром на сега веќе актуелниот градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Митевски кој ја однесе победата во вториот круг од изборите.

Слични содржини