ИO за промени во ВМРО-ДПМНЕ: Партијата да оди на отворени избори, по примерот на СДСМ

од Nikola Popovski
313 прегледи

„Мицкоски вели дека сме мала група, која нема доволно луѓе, дека немаме луѓе да оддржиме вонреден конгрес, а од друга страна тој закажува редовен конгрес. Во реакцијата на јавноста се гледа дека ние имаме сериозна поддршка“, вели Сашо Лазаровски од Иницијативниот одбор за промени во ВМРО-ДПМНЕ.

Тој смета дека еден од предлозите е се оди на отворени избори во партијата, односно по примерот на СДСМ каде што целото членство ќе гласа на следниот партиски конгрес.

„Сме се обиделе на добар начин да се реши ситуацијата, партијата во последните години не оди во добра насока. Многу од луѓето кои разговараат со нас одат кај него, но таму нема никаква реакција. Тој смета дека вака треба да продолжи партијата. Ова раководство има најмногу порази. а постојано го одложува Конгресот“, вели Лазаровски.

Слични содржини