Apple се очекува да го ажурира своето портфолио на таблети со пуштањето нови модели на iPad до крајот на годината. Според непотврдени информации, компанијата веќе врши финално тестирање со два уреди, што ќе ги видиме на 12-ти септември. Последните податоци на OnLeaks откриваат дека oсновниот акцент на настанот ќе биде следната генерација на iPad Pro кој ќе вклучува голем 12,9-инчен таблет и негова помала верзија, која е со дијагонала од 10,5 инчи. Двата модели нема да имаат „Home“ копчиња.

На овој начин, компанијата ќе се обиде речиси да ги отстрани рамките околу екранот и да остави што е можно повеќе простор за самите дисплеи, објави „mspoweruser“. Новите таблети ќе го користат системот Face ID за препознавање на лицето, кое поради тенките и компактни димензии ќе работи само во режим на портрет. iPad Pro (2018) нема да има класичен 3.5mm аудио приклучок, но ќе компензира со четири моќни звучници кои се поставени во аглите на таблетите.
Контролата на јачината на звукот и копчињата за вклучување / исклучување се наоѓаат во десната рамка, а портата за полнење е поставена на дното. iPad Pro (2018) со 12,9-инчен дисплеј ќе има димензии од 280,6x215x5,85 милиметри, дебелината ќе биде 7,77 милиметри со итакнатиот дел од задната камера. Основните верзии на таблетите ќе имаат 64GB внатрешна меморија и ќе бидат напојувани од новата генерација на Apple процесори со 4GB RAM меморија, со премиум модели со 512GB меморија.