iPhone 13 mini може да има различен систем со двојна камера

од Stefanija Kuzmanovska

Apple се очекува да претстави нови модели на iPhone во септември. Благодарение на CAD скицата, која се појави на социјалната мрежа Weibo, имаме можност да го видиме дизајнот на iPhone 13 mini.

Скиците покажуваат дека дизајнот на идниот мини iPhone е идентичен со сегашниот модел на iPhone 12 mini, освен системот за камера, кој може да биде малку поинаков.

Системот на камери за iPhone 13 mini останува квадратен, но изгледот на сензорот е променет и наместо вертикални, камерите сега се поставени дијагонално. Исто така, се чини дека приклучокот за микрофон од модулот на камерата е преместен на друга локација.

За iPhone 13 mini се вели дека го задржува 5,4-инчниот дисплеј и ќе ги има истите димензии како iPhone 12 mini. Телефонот ќе ја користи новата технологија за зголемување на капацитетот на батеријата и ќе има подолго траење на батеријата во споредба со неговиот претходник.

Слични содржини