Кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Курто Дудуш, по реакциите на јавноста дека поседува нов iPhone 17 Pro Max од над 100.000 денари, се огласи на социјалните мрежи со демант дека еден од најскапите модели всушност не е негов.
-Да ја разрешиме мистеријата за вистинскиот сопственик на iPhone 17 Pro Max – тоа е мојот братучед Алмир Дудуш, познат бизнисмен во Шуто Оризари. Со фотографијата сакавме да го промовираме бројот 17, со кој ќе настапиме на изборите со нашата партија Унија на Ромите. Тоа беше порака, а не промоција на телефон, сподели Дудуш.