Apple работи на повеќе од три нови паметни телефони кои ќе бидат прикажани за прв пат на специјален настан што ќе се одржи во септември или почетокот на октомври. Уредите се предмет на многу шпекулации во последниве месеци, кои откриваат дека тие ќе имаат различни големини и два од нив ќе бидат опремени со OLED дисплеи. Популарниот аналитичар Минг-Чи Куо фрли малку светлина на друга карактеристика на iPhone (2018), односно во колку бои ќе излезат.

Потрошувачите ќе можат да избираат помеѓу богата колекција на различни нијанси на новите паметни телефони. Според податоците, трите нови iPhone ќе бидат достапни во осум верзии на бои, вклучувајќи дури и жолта, портокалова и сина, информира „MacRumors“. Тестовите во моментов се во тек со White, Black, Grey, Red, Blue, Yellow, Orange и Pink конфигурација. Дури и Apple да се откаже од некоја боја во последна минута, сепак тоа ќе биде рекорд за компанијата.
Ве потсетуваме дека iPhone 5C беше продаван во пет различни нијанси, што досега не се случило со друг паметен телефон на Apple. Присуството на толку многу бои е новиот обид на компанијата за привлекување на вниманието на повеќе луѓе кон iPhone (2018), особено кај помладата публика. Изгледа не очекуваат прилично интересни настани околу Apple на пазарот на паметни телефони во месеците што преостануваат до крајот на календарската година.