Ирачката телевизија објави снимка од нападот во кој е убиен Ал Багдади (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Ирачката државна телевизија објави снимка од акцијата на американските воени сили во Сирија во која наводно е убиен лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал Багдади.

На снимката се гледа како засолништето на Ал Багдади целосно уништено по нападот.

Неофицијален американски претставник изјави дека синоќа Абу Бакр ал Багдади бил мета на нападот во Идлиб и дека се очекува потврда дека тој е убиен во експлозија.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на Твитер напиша: „Штотуку се случи нешто големо“.

Слични содржини