Ирачкото правосудство денес објави дека издало налог за апсење на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп во врска со атентатот врз иранскиот генерал Касим Сулејмани и заменик командантот на шиитските сили Абу Мехди ал-Мохандис во Багдад минатата година.
Ал-Мухандис беше заменик командант на иранскиот државен паравоен „Народни сили за мобилизација“, чадорска група составена од голем број милиции, вклучително и групи поддржани од Иран формирани да се борат против групата Исламска држава.
Сулејмани бил командант на единицата „Кадри“ при иранските чувари на револуцијата, за дејствија надвор од Иран.
Налогот за апсење се однесува на обвинението за убиство со умисла, за што е предвидена смртна казна. Малку е веројатно дека наредбата, која има симболично значење две недели пред истекот на мандатот на Трамп, ќе биде спроведена.
Одлуката за издавање на потерница е „донесена по изјавите на обвинителите на семејството на Абу Мехди ал-Мохандис“, се наведува во соопштението на Врховниот судски совет.
Истрагата за убиствата сè уште трае, изјави судот.
Убиствата предизвикаа дипломатска криза меѓу САД и Иран и гневот на шиитските пратеници, по чија иницијатива ирачкиот парламент усвои резолуција за протерување на странски трупи од земјата.
Групите поддржани од Иран ги засилија нападите врз мисијата на САД во Ирак, поради што Вашингтон се закани дека ќе ја затвори својата дипломатска мисија во Багдад.