Иран: Британскиот предлог за европска флота е провокација

од desk4
128 прегледи

Иран оцени дека предлогот на Велика Британија за европска флота да ги следи танкерите на земјите од Европа во Персискиот Залив е „провокативен“ и „непријателски“.

– Слушнавме дека имаат намера да испратат европска флота во Персискиот Залив, што секако носи непријателска порака. Тоа е провокативно и ќе ги зголеми тензиите, рече портпаролот на иранската Влада, Али Рабеи.

Осудата за британскиот предлог следеше откако воен брод на кралската морнарица пристигна во Заливот за да ги следи бродовите со британско знаме кои пловат низ Ормускиот залив.

Претходно, британското Министерство за одбрана соопшти дека бродот ХМС Данкам се придружил на Фрегата ХМС Монтроуз во Заливот за да ја заштити слободата на пловење.