Иран демантира дека преговара со САД

од desk2
188 прегледи

Министерството за надворешни работи на Иран ги отфрли наводите дека Техеран почнал преговори со САД.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави, категорично ги отфрли наводите на кувајтски претставник дека САД и Иран почнале преговори.

-Нема директни или индиректни разговори меѓу САД и Иран, рече Мусава.

Врховниот ирански верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, изјави на средбата со заменици и високи владини претставници на 14 мај дека Техеран одбива да го продолжи дијалогот со САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп, денот потоа, преку Твитер рече дека е убеден оти Иран наскоро ќе сака повторно да почне преговори.