Иран ги отфрли како неосновани обвинувањата на Албанија за сајбер напади

од Nikola Popovski
159 прегледи

Иран ги отфрли како „неосновани“ обвинувањата на Албанија дека Техеран извршил сеопфатни сајбер напади против неа, и поради кои Тирана денеска одлучи да ги прекине дипломатските односи со Исламската Република.

„Министерството за надворешни работи оценува дека одлуката на земјата да ги прекине дипломатските односи со нас се заснова на неосновани обвинувања и претставува непромислен и погрешен чин“, се вели во официјалното соопштение на Иран.

Албанија денеска ги прекина дипломатските односи со Иран, обвинет за голем број сајбер напади врз таа земја, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама.

Иранската амбасада во Тирана доби официјално известување во кое се бара целиот нејзин дипломатски, технички, административен и безбедносен персонал да ја напушти територијата на Албанија во рок од 24 часа.

Слични содржини